Младиот репрезентативец Марин Петков е оптимист пред двата натпревари на Македонија во февруарскиот ФИБА-прозорец и дуелите со Луксембург, односно Азербејџан.

  • Нормално, очекуваме да победиме. Знаеме дека Луксембург е добра репрезентација, како нас, има две победи во првиот круг, така што победата е доста важна. Може да кажам дека би била и најважна на овие два меча што ни следуваат.

Вели дека полека се навикнуваат на барањата на новиот селектор, Жозеп Марија Берокал, и на неговите соработници.

  • Интересно е на тренинзите. Тоа е прво. Системот е сличен, но и различен. Овие два-три дена поставивме некои планови за игра во одбраната и планови за игра во нападот. Мислам дека на секоја репрезентација би ѝ одговарал шпанскиот стил на игра. Се знае дека Шпанците се една од подобрите кошаркарски земји, заедно со САД и со Србија. Оттука сигурно е дека ќе изгледа добро стилот на игра, дека ќе изгледаме добро ние. И, секако, одиме на победа – верува Петков во успех на нашата селекција.

ФОТО: МКФ

ИЗДВОЕНИ