Актерката Марго Роби ги привлече сите погледи кон себе на премиерата на филмот „Мошне смело убаво патување“ (A Big Bold Beautiful Journey) во Лондон, во кој глуми со Колин Фарел.
Роби (35) се појави на црвениот тепих во најсмелиот фустан што го облекла досега – проѕирна креација од колекцијата на Армани Приве, украсена со кристали и светки. Фустанот е долг, со отворен грб и споен со големи кристали во вид на круг. Изгледот го дополни со сребрени сандали, но и со сребрена танга.
На премиерата, Роби дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел (49).
Додека позираа пред фотографите, тие се држеа за раце, се прегрнуваа и се забележуваше нивната хемија, па многумина едвај чекаат филмот да излезе во кината (19 септември) за да видат како изгледаат и на филмското платно.
За стилот на Марго Роби на премиерата се погрижи нејзиниот долгогодишен соработник, стилистот Ендру Мукамал. Овој моден избор носеше и посебна симболика. Имено, Џорџо Армани, легендарниот италијански дизајнер и основач на брендот, почина на 4 септември оваа година на 91-годишна возраст. Неговата последна колекција од висока мода, од која доаѓа и фустанот што го носеше Марго Роби, беше претставена по повод 20-годишнината од линијата Армани Приве (Armani Privé). Затоа, за многумина ова е почит кон модната икона чии дизајни ги обликуваат црвените теписи со децении.
Инаку, австралиската актерка изгледа совршено неполна година по раѓањето на своето прво дете, кое го роди во ноември 2024.
Фото: Инстаграм