Во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 14 мај во 19:30 ч. ќе се одржи манифестацијата „Љубов за сите”, во чест и спомен на големата македонска уметница Андријана Мациев, која прерано замина во вечноста, но остави дела по кои ќе ја паметиме засекогаш. Во рамките на манифестацијата ќе бидат изложени 20 дела од три ликовни циклуси на уметницата: „Живот во бои“, „Женски приказни“ и „Шарени вибрации – разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се“. Воедно, ќе бидат промовирани двата алманаха со наслов „Љубов за сите“, напишани од група автори, инспирирани и вдахновени од земниот и од небесниот живот на Андријана Мациев.
Манифестацијата се одржува по повод три години од заминувањето на Андријана Мациев.
На присутните ќе се обрати и нејзината мајка, Јулија Мациевска, а ќе учествуваат и истакнати ликовни уметници, поети и вокални солисти.