Во својот завршен збор обвинетиот Велибор Манев кажа дека синиот ранец во кој Палевски го чувал оружјето со кој ги застрелал жртвите Вања и Панче го земал член на Десна З.Д вработен во Народна банка.
Насоката по телефон на Манев му ја дал Палевски кога бил на турска граница. Да го земе ранецот од канцеларија и да го однесе и уништи.
Претходно адвокатот на Палевски кажа дека од свиркач разбрале оти ранец со два пиштола, муниција и бели патики полицијата пронашла кај џамија во Визбегово на 05-12-2023 и не направиле увид.
Запраша зошто ОЈО не ја расчистило таа околност со ранецот.