Манчестер Сити направи потег што нема да му се допадне на Реал (М)

292
epa10870491 Julian Alvarez (C) of Manchester City celebrates with teammates after scoring his second goal during the UEFA Champions League Group G match between Manchester City and Red Star Belgrade in Manchester, Britain, 19 September 2023. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Како што објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Манчестер Сити направи потег што воопшто нема да им се допадне на луѓето од Реал (М).

Родри е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, а минатата година ја освои „Златната топка“ поради своите феноменални настапи.

Шпанецот е играч на Манчестер Сити од 2019 година и е една од најважните алки во машината на Пеп Гвардиола.

Тој ја пропушти речиси целата минатата сезона поради сериозна повреда, а тоа јасно се почувствува во игрите на „граѓаните“, кои ја завршија претходната сезона без трофеј.

Неодамна, шпанските медиуми објавија дека Реал (М) сака да го доведе 29-годишникот во своите редови, но во следниот летен преоден рок.

Причината за ова е што во летото 2026 година, Родри би имал само уште една година од договорот, па „кралевите“ би можеле да го доведат многу поевтино отколку сега.

Сега, челниците на Манчестер Сити одлучија да преземат некои превентивни чекори и започнаа преговори со Шпанецот за нов договор.

Новиот договор би важел до 2029 година и би го направил Родри втор најплатен играч во клубот од Манчестер, а прв, секако, е Ерлинг Халанд.

Овој потег на „граѓаните“ сигурно нема да им се допадне на луѓето од Реал (М) кои речиси сигурно сега ќе се повлечат од приказната за доведување на Родри.

ИЗДВОЕНИ