Манчестер Јунајтед планира неверојатни трошења во 2026 година!

1264
epa10965271 Manchester United's Marcus Rashford (2-R) recieves a red card by referee Donatas Rumsas during the UEFA Champions League Group A soccer match between FC Copenhagen and Manchester United at Parken stadium in Copenhagen, Denmark, 08 November 2023. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Во јануарскиот преоден рок, но и во преодниот рок што доаѓа пред почетокот на следната сезона, Манчестер Јунајтед планира да направи големи работи.

Две или три елитни засилувања би можеле да го вратат Манчестер Јунајтед на самиот врв на Премиер лигата, но раководните лица сакаат дури четири големи засилувања во наредната година.

Под водство на INEOS, Манчестер Јунајтед веќе инвестираше многу пари во инфраструктура и развој на млади фудбалери, а сега фокусот се префрла на првиот тим.

Како што објавија англиските медиуми, челниците на Манчестер Јунајтед сфатија дека им недостасува длабочина и квалитет за да се борат за трофеи.

На сите во Јунајтед им е јасно дека повеќе не градат од нула, туку дека мора да донесат конкретни засилувања во средниот ред и одбраната.

Јануарскиот преоден рок треба да предизвика голема потрошувачка од страна на челниците, а тие сакаат некои големи имиња.

Тука се играчи како Адам Вортон од Кристал Палас, Елиот Андерсон од Нотингем Форест и Карлос Балеба од Брајтон.

Летото ветува уште поголеми амбиции со буџети за трошење што надминуваат 228 милиони евра, сè со цел да се привлечат врвни таленти од цела Европа.

Значи, Вартон, Андерсон и Балеба се три клучни играчи што шефовите на Манчестер Јунајтед сакаат да ги доведат на „Олд Трафорд“ следната година.

ИЗДВОЕНИ