
Манчестер Јунајтед направи конкретен потег на трансфер пазарот и му понуди на Реал Мадрид 50 милиони евра за Едуардо Камавинга.
Преговорите се уште се во тек и сè уште не е познато дали понудената сума ќе ги задоволи челниците на „кралскиот клуб“.
Сепак, ситуацијата околу францускиот репрезентативец би можела да претставува една од поинтересните трансфер приказни ова лето.
Камавинга неодамна играше нешто помала улога во тимот на Реал Мадрид. Според новите наводи, конкуренцијата во средниот ред дополнително се засили, па играчи како Аурелиен Чуамени, Федерико Валверде и Бернардо Силва добија предност.











