Манчестер Јунајтед го продаде Бруно Фернандеш за 115 милиони евра!

608
epa11025585 Bruno Fernandes of Manchester United reacts after the UEFA Champions League group match between Manchester United and FC Bayern Munich, in Manchester, Britain, 12 December 2023. Manchester United lost 0-1. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Судбината на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед е под знак прашалник веќе долго време и се почесто се зборува за негово заминување од „Олд Трафорд“.

Во текот на летото, португалскиот интернационалец имаше можност да го напушти Манчестер Јунајтед, а најголем интерес за него покажа богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Хилал.

Сепак, Фернандеш одлучи да остане во Манчестер Јунајтед бидејќи сметаше дека сè уште не е вистинско време да го напушти трофејниот англиски клуб.

Наводно, таква одлука донел откако разговарал со својот сонародник и менаџер на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, кој го гледал Португалецот како клучен играч во неговиот систем на игра.

Фернандеш неколку пати нагласил дека ќе остане во Манчестер Јунајтед сè додека челниците на клубот сметаат дека им е потребен, а не парите од неговата продажба.

Работите очигледно се променија, бидејќи од Островот пристигнуваат големи информации дека е договорена продажбата на Бруно Фернандеш во Саудиска Арабија.

„Ексклузивно, продажбата на Бруно Фернандеш е договорена, а на негово место доаѓаат Балеба и Елиот Андерсон. Тајните трансфер планови на Манчестер Јунајтед ни се откриени. Според информациите што ги добивме, Бруно Фернандеш е продаден во Саудиска Арабија за 115 милиони евра и ќе замине следното лето. Договорот е договорен меѓу сите вклучени страни и сè што останува е Бруно да ги договори личните услови. Парите што ќе ги добијат од продажбата на Фернандеш ќе ги инвестира Манчестер Јунајтед во доведување на Карлос Балеба и Елиот Андерсон“, тврди indykaila News, кој е составен од тим од пет врвни новинари.

Челниците на Манчестер Јунајтед го следеа Балеба и минатото лето, но не успеаја да се договорат со Брајтон за обештетувањето од 100 мил. фунти.

Сигурно е дека следното лето ќе биде особено интересно за навивачите на тимот од „Олд Трафорд“ бидејќи е очигледно дека ќе следи голема реконструкција на тимот.

Она што ќе биде уште поинтересно е како ќе изгледа Манчестер Јунајтед по заминувањето на Фернандеш, кој е еден од најдобрите играчи во овој тим.

ИЗДВОЕНИ