Ракометната репрезентација на Македонија ќе одигра двата пријателски натпревари против Јапонија, во неделана на ЕХФ, како подготовка за Европско првенство во 2026 година. Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници за противник ја имааат селекцијата на Јапонија, тим кој игра брз ракомет, игра каквашто сакаат да играат и „црвено – жолтите“ на претстојниот континентален собир. Првиот меч се игра во салата Автокоманда на 30 овој месец и ќе биде од затворен тип, додека вториот е закажан за 1. ноември во салата во Куманово и ќе биде отворен за јавноста.

Лазаров откри дека натпреварите со Јапонија се договорени уште летоска и ќе бидат вистинска шанса за проверка на  млади сили и подобрување на одредени сегменти во играта.

„Натпреварот со Јапонија го договоривме уште во текот на летото. Тони Херона е селектор на оваа селекција, која негува брз, динамичен и интересен стил на игра. Овие два меча ќе ги искористиме за пробување нови варијанти и подобрување на одредени сегменти во нашата игра. Имаме добра можност за подобрување на некои варијанти во играта, кои можеме понатаму да ги искористиме на големите натпреварувања. Јапонија е противник по мерка за нас, знаеме на што треба да внимаваме против нив.

Тие се брза репрезентација која учествуваше на Олимписките игри. Тоа е сериозно ниво. Ние треба да го следиме трендот на брза игра и да се адаптираме на новините во светскиот ракомет. Ќе им дадеме шанса на некои помлади играчи со голем потенцијал. Ќе се фокусираме на детали што можат да ни бидат од корист во иднина“, изјави Лазаров.

Тој од совој агол ја објасни сиутуацијата со крилото на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој го одби неговиот повик да биде дел од репрезентацијата за натпреварите со Јапонија.

„Дејан игра во одлична форма, особено последните два месеци и поради тоа доби повик. Тој го одби повикот да игра за Македонија и немам што да кажам. Моја обврска е да ги повикам оние кои играат во најдобра форма. Манасков во последно време покажува врвна светска и европска класа, но одиме напред“, изјави Лазаров

Македонија на ЕП 2026 година ќе игра против Данска, Португалија и Романија.

ИЗДВОЕНИ