
Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Јувентус, со големо внимание ја следи ситуацијата околу првиот голман на Милан, Мајк Мањан. Репрезентативецот на Франција има договор со „росонерите“ до крајот на актуелната сезона, но тамошните медиуми се убедени дека искусниот голман е повеќе заинтересиран да направи трансфер во редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи.










