Понекогаш отворените теми на родителите за сексуалните односи можат да бидат доста непријатни за младите, а во една таква ситуација се најде Рубен Логан, 20-годишниот син на познатата британска водителка Габи Логан.

Професионалниот рагби играч откри дека неговите соиграчи го задеваат за подкастот во кој неговите мајка и татко, поранешниот шкотски рагби играч Кени Логан, отворено зборуваат за својата интимност, пишува „Дејли меил“.

Рубен, кој игра за Сејл Шаркс (рагби клуб од англиската Премиер лига), раскажа како доживеал срам во теретаната на неговиот поранешен клуб Нортхемптон Сеинтс.

  • Ќе бидам искрен дека реков: „Те молам, ќе можеш ли да престанеш“, изјави Рубен за „Телеграф“, па додаде:
  • Се сеќавам дека бев во теретаната во Сеинтс и подкастот се слушаше во теретаната. Беше само мојот втор или трет месец таму.

Тој додаде дека дури и не знаел за спорната епизода сè додека не ја слушнал мајка си.

  • Не знаев дека тој подкаст се случил сè додека не ја слушнав и се сеќавам дека ѝ реков: „За што зборуваше онлајн?“. „Добро е!“ рече таа. Јас реков: „Сигурен сум дека е така, но имаш син во доцните тинејџерски години во рагби средина, па мора да размислиш за тоа!“ Можеби Лоис (сестрата близначка на Рубен) не била засегната од тоа на факултет со своите пријатели, но јас бев. Мамо, можеш ли да престанеш да зборуваш за твојот сексуален живот, бидејќи сега одам на работа, пуштаат клипови во соблекувалната. Би било од помош ако само замолчиш накратко, потенцира Рубен.

Дискусиите за сексуалниот живот на Габи и Кени произлегоа од тешкиот период кој го проживеаја. На Кени му беше дијагностициран рак на простата во 2022 година, по што беше подложен на успешна операција. За време на нивното закрепнување, двојката разговараше за својот сексуален живот во подкастот на Габи „The Mid Point“, истакнувајќи дека истражувањата покажуваат дека дури 76 проценти од мажите доживуваат еректилна дисфункција по третманот на рак на простата.

 

ИЗДВОЕНИ