Бидејќи на првиот ден од почетокот на учебната година најголемата турканица била токму пред атрактивното вовче „Мечо“, ЈП „Паркинзи“ Битола решило на дечињата да им подари бесплатни возења на 11 и на 25 септември.  „Мечо“ е типичен градски патен воз. Општински е, функционира во рамките на комуналното јавно претпријатие „Паркинзи“ и на Битола ѝ дава уште една мала доза европски шмек. Во основата е туристички „воз“ наменет да биде привлечно сладок и забавен   вели Зоран Михајловски, директор на претпријатието. Цената за едно крукче со возот е 50 денари, но Михајловски нагласува дека емотивниот ефект е многу поголем. Според него, единствената негова негативна карактеристика е т. н сезонски карактер, но вели дека и тоа се надминува

 

Вовчето „Мечо“ по повод новата учебна година одлучи на дечињата да им подари бесплатни возења на 11 и 25 септември.

Од  јавното претпријатие „Паркинзи“, информираат дека тоа го прават по големиот интерес на првиот училиштен ден во Битола.

Овој  ден започнал со многу подароци од комуналните јавни претпријатија, но најголемата турканица, сепак, била околу „Мечо“ –  малото вовче што засега е единствена атракција од ваков вид во градот.

– „Мечо“ е типичен градски патен воз. Општински е, функционира во рамките на комуналното јавно претпријатие „Паркинзи“ и на Битола ѝ дава уште една мала доза европски шмек. Во основата е туристички „воз“ наменет да биде привлечно сладок и забавен  – вели Зоран Михајловски, директор на претпријатието.

Тој додава дека не е голем трошок постојано да биде функционален и дека ова лето поминале одлично.

Цената за едно крукче со возот е 50 денари, но Михајловски нагласува дека емотивниот ефект е многу поголем.

Многу европски градови имаат мали туристички возови каде што ги собира и возрасните, и наменети се за градски тури или за превоз на туристи до културните и историски атрактивни места кои често се дел од туристичките тури. Самото возење е дел од туристичкото искуство, се минува и се гледа повеќе од градот за покусо време и без да попуштат вените. Анализите на ЕУ „Раил“, „Турист трејн“, „Д-пак треин“, велат дека вовчињата како „Мечо“ ја намалуваат потребата на туристите да возат низ градовите и придонесува во намалување на сообраќајниот метеж.

Според Михајловски, единствената негативна карактеристика е т. н сезонски карактер, но вели дека и тоа се надминува.

– Сезоната ја определуваат годишните времиња. Го затвораме за работа кога времето е врнежливо, тоа не работи и во летниот период кога е врнежливо затоа што е отворен и кога температурата е ниска. И самата побарувачка за возење тогаш видливо опаѓа. А секогаш кога ќе се стабилизираат временските услови во пролет, тогаш „Мечо“ е повторно тука да ги радува битолчанчињата. Во зима пак се враќаме еден одреден период за време на „Зимската приказна“, и тогаш „Мечо“ придонесува таа да биде тоа што е – објаснува Михајловски.

Како позитивни примери за европски вовчиња тој ги наведе: угорницата на Монмартр во Париз каде се користи парискиот „Мечо“,  во Прага, од Карловиот мост до отворениот дел на тврдината по угорнина се користи прашкиот „Мечо“, во Салзбург, за да одите од стариот град до замокот – се користи салзбуршкиот „Мечо“ и во турата има и неколку музички локации поврзани со Моцарт кои се помалку познати. Во Фиренца, „Мечо“ вози од централното градско подрачје до туристичките атракции и нема проблем да се вртка по тесните улички.

Инаку, како што наведе Михајловски, аналитичарите бројат повеќе придобивки од фактот дека градовите имаат мали вовчиња наменети за туристи. Така, тој информираше дека во земјите со плажи – има тури за до сите плажи.

– Така, во Малага – Шпанија, вовче вози низ историскиот центар, пристаништето, музеите, има мултијазичен водич и е дел од комбинирани билети со други атракции. Дури и анализите на експертите покажале дека од воведувањето на вовчето се зголемил бројот на повозрасни странски туристи кои кога ќе стигнат на одреденото место, во сувенирниците трошат повеќе пари – истакна  Михајловски.

Додава дека вовчињата, кои се типични градски превозни автобуси, ја овозможуваат понудата на туристички пакет од местата што сакаме туристите да ги посетат – тури кои треба да се надградуваат, со нови музеи, галерии, ресторани или кафулиња.

Тој веќе доставил до Општината различни предлози за слични атракции за сите возрасти, кои не само што ќе го поддржат туристичкиот развој во градот туку и ќе овозможат додадена вредност во претпријатието.

ИЗДВОЕНИ