четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Малото гибонче Делфина доби ново живеалиште

Малото гибонче Делфина доби ново живеалиште

221

Малата Делфина од видот гибони конечно си доби ново соодветно живеалиште во скопската Зоолошка градина.

Живеалиштето тимски го направиле вработените во Зоолошката. Тоа е направено според ЕАЗА-стандарди.

Од Зоолошката велат дека сега Делфина љубопитно го истражува својот нов дом, а во наредниот период ќе ѝ се приклучи и нејзиното помало братче, Мики.

Делфина, пред околу четири години, била отфрлена од мајката и спасена од давење во езерцето во ЗОО Скопје.

– Приказната за ова мало човеколико мајмунче стигна до сите светски медиуми, а нашиот тим и најмногу зоонегувателката Зера се грижеа за неа додека не порасна доволно за да живее самостојно – велат од Зоолошката градина. Од мајката било отфрлено и нападнато и нејзиното братче Мики.

– Гибоните се на листата на најзагрозени видови во светот, а ние, како тим, максимално и во иднина ќе се трудиме да имаат најдобра грижа –  нагласуваат од Зоолошката градина.

ИЗДВОЕНИ