Малолетник уценувал маж со голи слики, му се преставил дека е жена

822

Битолската полиција приведе 16 годишник откако уценувал маж на 34 години со голи слики кој овој му ги испратил преку социјалните мрежи. Адолесцентот бил од битолското село Бистрица, го намамил мажот преставувајќи му се дека е жена, па овој му испратил голи фотографии од него. Потоа со нив го уценувал, дека ако не му даде пари ќе ги објави на интернет.
Малолетникот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

ИЗДВОЕНИ