Малолетник уапсен за пожарот: „Влеговме во зградата на ‘Вјесник’, сакавме на врвот, еден запали картони“

38

Едно младо лице е уапсено во врска со пожарот во зградата на „Вјесник“ во Загреб, соопшти загрепската полиција.

Едно малолетничка наводно се јавила во полицијата и рекла дека критичната вечер била со група млади луѓе во облакодерот „Вјесник“. Таа рекла дека сакале да се искачат на врвот од зградата, но на највисоките катови наишле на заклучена врата за да не можат да продолжат понатаму. Во еден момент, еден млад човек од групата почнал да пали картонски кутии, а пожарот брзо се проширил. Во тој момент, наводно лицето им кажало на полицајците, сите избегале и ја напуштиле зградата на „Вјесник“.

Станува збор претежно за малолетници на возраст од околу 16 и 17 години кои наводно живеат во близина на „Вјесник“, пишува Јутарни.хр.

Од моментот кога дознале за пожарот во деловната зграда на „Вјесник“, односно од самиот почеток, полицијата, додека го обезбедувала местото на настанот и преземала мерки за да ја осигури безбедноста на граѓаните, започнала кривична истрага, пренесува N1 Загреб.

Полицијата навела дека во кривичната истрага биле вклучени неколку млади лица, од кои едно е уапсено и се води истрага.

Пожарот во зградата на „Вјесник“ избувна во понеделник вечерта и гореше цела ноќ. Како што изјави командантот на противпожарната бригада, пожарот во облакодерот ниту вчера не бил изгаснат.

Има огромна материјална штета, но никој не е повреден.

ИЗДВОЕНИ