петок, февруари 27, 2026
Дома СКОПСКА Малолетници уништувале игралиште во Острово

Малолетници уништувале игралиште во Острово

1068

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, објави видео на кое се гледа како малолетници уништуваат опрема на детско игралиште во Аеродром, односно во Острово кај „Палма“, направено со средства од граѓаните за децата.

– Ова не е шега, ова е штета што ја плаќаме сите. Ова не е храброст, ниту бунт – ова е срам и вандализам! – напиша Митески.

Од Општина Аеродром јавно апелираат до родителите, наставниците и до институциите да запре ваквото однесување.

– Урбаната опрема не е непријател. Таа е наша обврска и одговорност – потенцираат општинските власти.

 

ИЗДВОЕНИ