понеделник, февруари 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Малолетничка со нож го прободела својот татко во Пробиштип

Малолетничка со нож го прободела својот татко во Пробиштип

155

Шеснаесетгодишно девојче вчера околу 9.40 часот во семејниот дом во Пробиштип, по претходна расправија меѓу родителите го нападнала и нанела убодна рана на својот 46 годишен татко И.А, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип.

Според полицијата во Штип тој бил пренесен во Здравствен дом- Пробиштип каде му била укажана помош, а по извршен преглед малолетничката била пренесена во здравствена установа.

-Во ОВР Пробиштип, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Пробиштип, бил извршен разговор со нејзината мајка и другите две деца. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од СВР-Штип

ИЗДВОЕНИ