Малку фалеше Меси да го облече дресот на Манчестер Сити

136
epaselect epa10373265 Lionel Messi of Argentina touches the World Cup trophy as he passes it after winning the golden ball award during the awards ceremony after the FIFA World Cup 2022 Final between Argentina and France at Lusail stadium, Lusail, Qatar, 18 December 2022. EPA-EFE/Friedemann Vogel

Малку фалеше, англискиот премиерлигаш Манчестер Сити да потпише договор со Лионел Меси. Во хаотичните последни часови од преодниот рок во 2008 година, веднаш откако клубот беше преземен од сопственик од Абу Даби, беше упатена понуда за аргентинската ѕвезда, сето тоа поради неверојатно недоразбирање преку телефон.

Иако Сити подоцна беше поврзуван со Меси во неколку наврати под водство на Пеп Гвардиола, единствената официјална понуда беше упатена во 2008 година, пред аргентинскиот „магионичар“ да ја освои својата прва „Златна топка“, а Сити беше далеку од сегашна слава.

Сезоната 2008/09 започна катастрофално за Сити, со пораз од 4:2 кај Астон Вила, продолжение на понижувачкиот пораз од 8:1 кај Мидлсбро на крајот од претходната сезона, пишува фудбалскиот портал „Гол“. Клубот беше на работ на финансиски колапс под водство на сопственикот Таксин Шинаватра, а новиот менаџер Марк Хјуз беше запрепастен од состојбата во која се најде.

Сè се промени на 1 септември 2008 година. Хјуз играше голф кога доби повик од извршниот директор Гари Кук, во кој го информираше дека клубот е купен од групацијата Абу Даби Јунајтед. Набрзо беше опкружен со тим на „Скај њуз“. Сити одеднаш стана клуб со неограничени финансиски средства, а новите сопственици веднаш побараа експресна реакција.

Проблемот беше што се се случуваше за време на последниот ден од преодниот рок, а Сити сè уште имаше репутација на просечен клуб.

„Само ме прашаа: „Кого го сакаш?“ Испраќаа понуди за речиси секој врвен играч во светот“, рече Хјуз. „Но, луѓето забораваат дека Манчестер Сити во тоа време беше клуб од средината на табелата. Немаше голем интерес бидејќи играчите прашуваа: „Кој си ти?““

„По серија одбивања, одеднаш се појави можноста за Робињо од Реал (М). Беше луд ден, имаше понуди за Лионел Меси и сè тоа! На крајот го добивме Робињо, што беше голема работа, а останатото е историја“, рече Хјуз.

Понудата за Меси не беше дел од стратегија, туку бизарно недоразбирање. Гари Кук му раскажа на „Атлетик“ како дошло до забуна за време на конференциски повик со Пол Олдриџ и Паирој Пјемпонгсант, соработник на поранешниот сопственик.

„Пол велеше со својот лондонски акцент: „Паирој, мора да ми кажеш што правиме, излегува од контрола“. Паирој, кој во тој момент беше на масажа, викаше: „Да, да, да! Станува хаотично, хаотично, хаотично“. Нешто се изгуби во преводот и Олдриџ го сфати како: „Мораме да го добиеме Меси“, рече Кук.

„Потоа Пол ми пријде и ми рече: „Гари, ова е збунувачко, не знам што правиме“. Јас реков: „Дај понуда и ќе видиме што ќе се случи“, рече Кук. Според него, Сити дал понуда од 70 милиони фунти (околу 80 милиони евра). Други верзии на приказната споменуваат околу 30 милиони фунти (околу 34 милиони евра).

Меси имал 21 година во тоа време и веќе бил ѕвезда во подем. Сепак, Барселона не била јасна во врска со понудата. „Следниот ден Дејв Ричардс од Премиер лигата ми се јави: „Гари, дали си дал понуда за Лионел Меси? Седумдесет милиони фунти? Дали си луд?“ се присети Кук.

Тогашниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, наводно бил навреден од понудата, сметајќи ја за потценување. Марк Бовен, помошник на Хјуз, раскажа: „Претседателот одговори: „Кој си, по ѓаволите? Мислиш дека можеш да ни го купиш Меси? Нема шанси, излези од тука“.

ИЗДВОЕНИ