Ова овошје, кое содржи бројни витамини, минерали и влакна, е чест избор како ужина во текот на доцното лето и раната есен, но дали знаевте дека може да се користи и листот? Подолу ви претставуваме рецепт за сок што не треба да го пропуштите.
Токму во овој период, кога плодовите од смоквата се зрели и изобилни, е идеално време да откриете еден, за многумина, необичен рецепт – сок од лист од смоква.
Листот од смоква, покрај тоа што се користи како обвивка за печени смокви или како додаток во разни јадења, може да се претвори во освежителен сок со бројни придобивки за вашето здравје, пишува fashion.hr. Овој сок е богат со антиоксиданси, витамини и минерали, а е познат и по својата способност да го регулира варењето и да го зајакне имунолошкиот систем.
Потенцираме дека станува збор за сируп кој се разредува со вода, поради што се користи малку поголема количина шеќер.
Состојки:
15-20 свежи листови од смоква
1 литар вода
1 килограм шеќер (по желба, можете да користите замена за шеќер)
сок од 1 лимон (по желба)
Подготовка:
Растворете го шеќерот во еден литар вода. Добро измијте ги листовите од смоквата за да ја отстраните прашината и нечистотијата, потоа ставете ги листовите во голем сад и покријте ги со вода. Доведете ја водата до вриење на средна температура. Потоа намалете ја топлината и варете на тивок оган околу 20 до 30 минути, додека листовите не омекнат, а водата не стане малку зелена.
Тргнете го садот од оган и оставете го да се олади на собна температура. Откако смесата ќе се олади, процедете ја за да добиете бистар сок и чувајте ја во стаклено шише. За чаша сок, прелијте малку од подготвениот сок и измешајте го со обична или минерална вода. По желба, можете да додадете и сок од лимон за дополнителна свежина и вкус!












