Малите пациенти добија подароци и пакетчиња

34

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги посети дечињата кои се на лекување во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, Универзитетската клиника за детски болести и Универзитетската клиника за детска хирургија.

Тој им подели нoвогодишни пакетчиња и подароци за кои вели дека биле мал, но искрен обид да им се изнуди насмевка, да се внесе топлина и чувство дека не се сами во овие тешки моменти.

– Оваа посета е израз на длабока грижа и поддршка за најмалите херои, кои секојдневно водат свои тивки, но храбри битки. Нашата желба е, барем накратко, да внесеме радост, надеж и спокој во нивните срца, но и сила и утеха за нивните семејства. Верувам дека хуманоста и солидарноста се наша заедничка обврска. Грижата за децата, особено за оние на болничко лекување, мора да биде траен приоритет и доказ за зрелоста на едно општество – нагласи  Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека преку ваквите иницијативи се испраќа силна порака дека ниту едно дете не е заборавено и дека, како што нагласи, заедно можеме да градиме посилно, похумано и поодговорно утре, посакувајќи им на сите дечиња брзо и успешно закрепнување.

 

ИЗДВОЕНИ