Македонското чудо од дете уште еднаш ја одушеви јавноста со својот извонреден успех на меѓународната сцена. Мaлиот гениј, Македон Димитровски, освои златен медал на германската Математичка олимпијада, натпревар на кој учествуваат најдобрите млади математичари од повеќе земји.
Со овој извонреден резултат, тој се квалификуваше за суперфиналето, кое ќе се одржи во мај 2026 година, во Франкфурт.
– Македон постигна исклучителен успех, освојувајќи златен медал на германската Математичка олимпијада. Успехот е уште поголем поради тоа што е обезбеден со максимален број бодови. Со овој резултат, тој обезбеди пласман на суперфиналето во Франкфурт, кое ќе се одржи во мај 2026 година. Овој успех е доказ за неговите посветеност, знаење и талент. Добивме најубав подарок за Нова година, ти благодаримe! – наведе на „Фејсбук“ таткото на Македон, кој ја сподели радоста.
Успехот претставува големо признание за неговите исклучителен талент, посветеност и љубов кон математиката, но и значајна промоција на Македонија на светската образовна мапа. Постигнатиот резултат е доказ дека и од нашата земја доаѓаат млади умови што рамноправно се натпреваруваат со светската елита. Овој успех влева надеж и инспирација за многу млади ученици, покажувајќи дека со труд, знаење и упорност не постојат граници.












