среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Мали се шансите за злоупотреба“ рече Алиу , пред групата во МЗ...

„Мали се шансите за злоупотреба“ рече Алиу , пред групата во МЗ да почен да истражува

71

Научно-истражувачкиот проект со кој Македонија беше поврзана, како мала земја за извоз на ткива од мозок, во најновите документи објавени од американските власти за Џефри Епстин добива институационален третман. Имено Јавното обвинителство  отвори предмет по допрен глас, поради наводите во досиејата, а уште повеќе откако во медиумите се отворија прашањата како примероци одмозоци на починати лица од земјава биле транспортирани во Универзитетот Колумбија, САД.

Имајќи ја во предвид чувствителната природа на случајотобработка, замрзнување и меѓународен транспорт начовечки ткивакако и можните прашања за усогласеност созаконските и етичките стандарди, обвинителството јапрезема постапката за да утврди дали постојат елементи накривично дело, велат од ОЈО.  Предметот е предаден наОсновното јавно обвинителство за гонење на организиранкриминал и корупција, кое ќе прибира официјалниинформации од институции и здравствени установи.

Целта е да се провери евентуално нелегално постапувањесо човечки ткива, како и можни пропусти или злоупотребипри издавање дозволи и согласности“, објаснуваат од ОЈО за отворање на предистражната постапка.

Од друга страна, министерот за здравство Азир Алиу по чија наредба беше формирана работна група која треба да открие дали извозот мозочни ткива од страна на македонските институции што учествувале во истражувањето бил според протоколите. Алиу порачува да не се брза со квалификации дека станува збор за злоупотреби. Иако на случајот треба да работи посебна група во здравство, сепак Алиу од свој личен аспект кажа дека имало мала можност за злоупотреби бидејќи како втора стана се јавува Америка која има строги и јасни протоколи за увоз на биолошки материјали.

„Вториот факт што ми дава комодитет да кажам дека има мали шанси за злоупотреба е образовната институцијата, Универзитетот Колумбија, кој е престижен научно истражувачки центар и светски познато име и не верувам дека би си дозволиле злоупотреби“, рече Алиу кој ќе барал од групата да се провери како мозоците стигнале од една до друга земја. Нагласи и дека до 2018 година сите документи поврзани со биолошки материјали се чувале во архивата 15 години, што би преставувало уште една потешкотија за утврдување на вистината.

од Медицинскиот факултет добиле информации дека работата со биолошки материјал со генетски карактеристики е строго регулирана со Законот занаучноистражувачка дејност. Процедурите за транспорт на ткива вклучувале:информирана согласност одсемејството,одобрение од етичка комисија,дозвола за транспорт на ткиво од тогашното Биро за лекови, меморандум меѓу домашната и странската научна институција со детално утврдени протоколи за собирање, транспорт и понатамошна научна обработка.

Во најновите објавени материјали поврзани со Џефри Епстин се споменува дека мозочни примероци од Македонија завршувале во американски научни бази, соопис дека биле транспортираниво куфери. Ова отвори сомнеж во јавноста дали ткивата биле изнесувани целоснотранспарентно и по сите процедури. Соработката, според проектен извештај, започнала уште во 1996 меѓу Институтотза судска медицина во Скопје и Колумбија, а доктор Алексеј Дума за ВЕЧЕР тврдеше дека сè било легално, со дозволи и протоколи.(П.А.)

ИЗДВОЕНИ