Мали електрични возила со цена од 15.000 евра пристигнуваат во ЕУ

138

Европската комисија подготвува нови регулативи кои би можеле да имаат значително влијание врз производителите и добавувачите во автомобилската индустрија.

Во декември ќе биде воведена нова категорија на прифатливи мали електрични возила, со цел да им се овозможи на производителите да ги произведуваат и продаваат по пониска цена, по цена помеѓу 15.000 и 20.000 евра.

Европскиот комесар за индустрија, Стефан Сежурн, ја потврди иницијативата за време на Саемот за автомобили во Париз. Во декември, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, веројатно ќе објави одвојување на лесните комерцијални возила од категоријата патнички автомобили како дел од целите за намалување на CO2 за 2030 и 2035 година.

Комисијата, исто така, работи на дефиниција на поимот „европски автомобил“ со долгорочно влијание врз индустријата, бидејќи, како што предупредува Сежурн, доколку не се преземат мерки, производството на автомобили во Европа ќе продолжи да опаѓа, а уделот на европските добавувачи би можел да падне од 70% на 50%.

Регулаторната рамка за мали возила би можела да дозволи таквите автомобили да бидат ослободени од одредена безбедносна опрема за да бидат поевтини и поконкурентни со кинеските модели, што би го зголемило производството во Европа. Со оглед на тоа што се очекува на пазарот да се појават повеќе мали електрични возила, оваа одлука директно ќе влијае на нивната цена.

иако регулативата важи само за ЕУ, слични модели и стратегии за цени би можеле да пристигнат и овде, бидејќи пазарот на електрични возила е сè повеќе усогласен со европските стандарди и цени. Дали Македонија би можела побрзо да добие прифатливи мали електрични возила, но со услови што ќе зависат од увозниците и дистрибутерите, останува да почекаме.

ИЗДВОЕНИ