epa12415422 Los Angeles Lakers forward LeBron James (L) and Los Angeles Lakers guard Luka Doncic (R) attend the Los Angeles Lakers Media Day at the UCLA Health Training Center in El Segundo, California, USA, 29 September 2025. EPA/CAROLINE BREHMAN SHUTTERSTOCK OUT

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ и неговиот тим, Лос Анџелес Лејкерс, се подготвуваат за новата сезона во НБА лигата, која ќе ја започнат без најискусниот во тимот, Леброн Џејмс.

„Кралот“ Џејмс нема да игра во следните триесетина денови поради мала повреда на грбот, но Дончиќ смета дека тоа нема воопшто да влијае на неговата форма понатаму.

„Можеби се чини дека ова е голем проблем за нас, но мислам дека имаме доволно играчи кои ќе го дадат својот максимум во отсуство на Леброн. „Кралот“ е неприкосновен во оваа лига, мислам дека малата повреда нема воопшто да влијае на неговата форма.

Кога и да се врати на паркетот, повторно ќе биде еден од лидерите на тимот. Го очекуваме да ни се приклучи што побргу, тој е машина, мала повреда не допира до него“, рече Дончиќ.

Леброн Џејмс нема намера да заврши со активното играње кошарка, и покрај фактот што во декември ќе наполни 41 година. Минатата сезона бележеше просек од 24,5 поени по натпревар.

Ова е првата сезона во која Лука Дончиќ е јасно позициониран како клучна фигура во проектот. По трансферот во февруари, Словенецот сега е целосно интегриран, во добра физичка форма и неодамна потпиша тригодишно продолжување на договорот вредно над 160 милиони долари.

На 26 години, тој влегува во својот најдобар период, мотивиран да ја остави минатата сезона зад себе и да се врати на нивото на кое беше за сезоната 2023-24, кога беше кандидат за MVP. Неговата реалност е во остра спротивност со онаа на Леброн, кој ќе игра во последната година од својот договор за прв пат, без понатамошни гаранции, бидејќи тој ќе наполни 41 година во декември и тешко е да се предвидат неговите планови по јуни.

ИЗДВОЕНИ