Во петтиот блок на бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ се случил пожар, но според бугарските власти, немало истекување на радиоактивни материи, а сите системи се под целосна контрола.
Противпожарните екипи интервенирале по пријавата за густ чад во просторијата, а инженерите извршиле замена на оштетената опрема и проверка на сите заштитни механизми.
Од управата на „Козлодуј“ соопштија дека мерните инструменти не покажуваат никакви отстапувања во нивото на радијација и дека населението не е изложено на опасност. Сепак, експертите предупредуваат дека е потребна редовна контрола и обновување на критичната инфраструктура, особено бидејќи централата обезбедува околу една третина од вкупната електрична енергија во Бугарија.












