Плејмејкерот на словеечката ракометна репрезентавија Домен Макуц, по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот на Барселона и ќе се пресели во редовите на Кил, каде треба да остане најмалку до 2030 година. Шпекулациите за негов трансфер кружеа веќе извесно време, а сега пристигна и официјалната потврда од германскиот гигант.

Кил во изминатите две сезони се обиде да изгради тим со помлади играчи, но не успеа да го задржи врвното ниво, па по втор пат по ред остана без настап во Лигата на шампионите. Макуц во „зебрите“ ќе ја има улогата на потенцијален наследник на Домагој Дувњак, кој најави крај на кариерата, но сѐ уште не ја донел конечната одлука.

ИЗДВОЕНИ