Максим Димитриевски најави нова градинка за 400 деца и целосна изградба на улицата „АВНОЈ“

22

Кандидатот за градоначалник на Куманово од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски најави изградба на нова детска градинка во населбата Зелен Рид и комплетно уредување на просторот.

– На оваа локација овде кај што е планирана изградба на детска градинка, во минатото беа дадени милионски суми за оштета по судска пресуда од страна на општината кон поранешните сопственици на земјиштето. Денеска дојде време да се обезбедат средства за изградба на нова детска градинка со капацитетот над 400 деца и комплетно партерно уредување на цел тој простор, што дополнително ќе ја оплемени оваа населба, изјави Димитриевски.

Тој најави изградба и довршување на сите краци од улицата „АВНОЈ“, како и целосно поставување на фекална канализација, со што ќе се надмине деценискиот проблем за жителите во тој дел на Куманово.

– За сите проекти се обезбедени средства од Владата и во следниот период општината ќе ги реализира целосно – нагласи Димитриевски.

Тој ги повика граѓаните да му ја дадат поддршката и во вториот круг за, како што рече, Куманово да продолжи да расте и да се развива.

ИЗДВОЕНИ