Макрон тврди дека Трамп им ветил на Европејците гаранции за Украина

28
Фото: EPA

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп во средата им кажал на европските лидери дека САД и другите сојузници се подготвени да учествуваат во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина со цел да се стави крај на војната на Русија против Украина.

Макрон рече дека Трамп, за време на разговорите со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, јасно ја исклучил можноста Киев да стане членка на НАТО алијансата, што е една од главните пречки за каков било мировен договор со Русија, пренесува Ројтерс.

Европските лидери и Зеленски вчера одржаа видеоконференција со американскиот претседател.

За време на состанокот, тие се обидоа да влијаат врз американскиот претседател пред неговата средба со Путин, која ќе се одржи во петок во Анкориџ, Алјаска, соопшти агенцијата.

ИЗДВОЕНИ