Во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер потврди дека британската влада ќе „продолжи да ги спроведува“ плановите за евакуација на децата од Појасот Газа и воздушен транспорт на помош до окупираната палестинска енклава за ублажување на ситуацијата што ја нарече „ужасна“.
Во разговорот со Макрон и Мерц, британскиот премиер ги изрази намерите на Обединетото Кралство да соработува со Јордан за спроведување на овие планови, објавува Гардијан.

Тројцата лидери се согласија тесно да соработуваат за спроведување на планот, кој ќе „го отвори патот кон долгорочно безбедно решение во регионот на Блискиот Исток“.
Портпаролот на канцеларијата на Стармер потврди дека тројцата лидери разговарале за ситуацијата во Газа и се согласиле дека ситуацијата е катастрофална.
Стармер, Макрон и Мерц ја нагласија потребата од итно воспоставување прекин на огнот, укинување на сите израелски ограничувања за испорака на помош и итно обезбедување храна за оние што страдаат во Појасот Газа и на кои очајно им е потребна храна.
Британскиот премиер потврди дека Обединетото Кралство ќе работи и на воспоставување соработка со партнери како што е Јордан со цел да се достави хуманитарна помош по воздушен пат и да се евакуираат децата на кои им е потребна медицинска помош.