Макрон сопрен од полицијата во Њујорк: Му се јавил на Трамп за помош/ВИДЕО

784

Францускиот претседател Емануел Макрон беше запрен од полицијата во Њујорк. Макрон се возел во својот автомобил низ улиците на Њујорк откако одржал говор во Обединетите нации.

Сепак, во тој момент, полицијата ги блокирала улиците за да дозволи да помине колоната на неговиот американски колега Доналд Трамп. Се дознава дека Макрон го повикал Трамп откако полицијата го запрела, но американскиот претседател не му помогнал.

„Доналд, како си? Види што се случи. Чекам тука, на улица,“, се гледа како Макрон се јавува по телефон.

Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Макрон како разговара со полицијата и Трамп додека се обидува да вози до француската амбасада, и покрај тоа што улиците се отворени само за пешаци.

ИЗДВОЕНИ