вторник, февруари 3, 2026
Дома СВЕТ Макрон соопшти: Во тек се подготовки за продолжување на дијалогот со Путин

Макрон соопшти: Во тек се подготовки за продолжување на дијалогот со Путин

38
EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека се во тек подготовки за продолжување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, објавија француските медиуми.

Францускиот претседател во декември изјави дека „би било корисно повторно да се разговара“ со Путин.

„Се подготвува продолжување на дијалогот со Владимир Путин, но Москва не покажува никаква вистинска подготвеност за преговори за мир“, изјави Макрон за новинарите.

Тој оцени дека „неподносливото руско бомбардирање не покажа никаква вистинска подготвеност за преговори за мир“.

Без да прецизира кога би можел да се одржи состанокот, Макрон рече дека подготовките на техничко ниво се одвиваат „транспарентно и во консултација“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Важно е Европејците да ги обноват своите канали за комуникација“, додаде Макрон, пренсе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ