недела, февруари 22, 2026
Дома СВЕТ Макрон побара од Трамп да ги укине санкциите против поранешниот еврокомесар...

Макрон побара од Трамп да ги укине санкциите против поранешниот еврокомесар Тиери Бретон

29
EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна му испрати писмо на својот американски колега Доналд Трамп барајќи укинување на санкциите против поранешниот европски комесар Тиери Бретон и уште еден француски судија, објави денес францускиот весник „Ла Трибјун Диманш“.

Макрон неодамна му пиша на Трамп барајќи од него да ги укине санкциите што ги воведоа САД против неколку европски граѓани, вклучувајќи двајца француски граѓани: поранешниот европски комесар Тиери Бретон и судијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Никола Гију.

„Ве молам да ги преиспитате одлуките на вашата администрација и да ги укинете санкциите што неправедно им се воведени на Никола Гију и Тиери Бретон“, се наведува во писмото, кое го виде „Трибјун Диманш“.

Санкциите усвоени против Бретон ја поткопуваат европската регулаторна автономија и, згора на тоа, се базираат на погрешна анализа: европските дигитални регулативи немаат екстратериторијален опсег и се применуваат без дискриминација, на европска територија, за сите вклучени компании, тврди Макрон, додека на поранешниот европски комесар му е забранет влез во САД од минатата година, пренесе „Бета“.

Бретон, европски комесар за внатрешен пазар од 2019 до 2024 година, беше архитект на Европската директива за дигитални услуги (DSA), која наметнува регулативи за платформите, како што е известувањето за проблематична содржина, што САД го сметаат за кршење на слободата на изразување.

„Санкциите усвоени против Николас Гилу го поткопуваат принципот на судска независност и мандатот на МКС“, рече Макрон во истото писмо.

Францускиот судија беше санкциониран откако МКС издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот министер за одбрана.

Покрај Бретон и Гилу, санкционираните лица се претставници на невладини организации кои се борат против дезинформациите и омразата на интернет во Велика Британија и Германија.

Тоа се Имран Ахмед, кој го води Центарот за борба против дигиталната омраза, Клер Мелфорд, раководителка на Глобалниот индекс на дезинформации (GDI) со седиште во Велика Британија, како и Ана-Лена фон Ходенберг, основач на германската невладина организација HateAid, и Џозефин Балон, од истото здружение.

ИЗДВОЕНИ