Макрон: Накитот од музејот „Лувр“ ќе биде пронајден и вратен, а крадците ќе бидат изведени пред лицето на правдата

46

Накитот кој беше украден од музејот „Лувр“ во октомври ќе биде пронајден и ќе му биде вратен на музејот. Тоа, меѓу другото го порача францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој откри дека француската полиција почнала да ги апси членовите на бандата кои го извршија грабежот.

„Накитот ќе биде пронајден и вратен во музејот. Тие, преостанатите членови на бандата, ќе бидат уапсени и ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Макрон за мексиканската телевизија „Телевис“.

Тој наведе дека системотза безбедност на музејот ќе биде целосно реновиран во рамките на обемно реновирање на „Лувр“.

На 19 октомври во музејот „Лувр“ упаднаа крадци кои украдоа девет парчиња накит од колекцијата од 23 деал „Наполен и царицата“. Украдените предмети вклучуваат тијари, обетки, гердани и брошеви кои некогаш им приѓале на франциските кралици и царици.

Нанесената штета од грабежот се проценува на 88 милиони евра. Досега се приведени седум осомничени лица, четири се обвинети, а три се пуштени на слобода.

 

ИЗДВОЕНИ