Макрон го постави ослободувањето на заложниците од страна на „Хамас“ како услов за отворање француска амбасада во Палестина

25

Франција го постави ослободувањето на заложниците што ги држи „Хамас“ во Појасот Газа како услов за отворање своја амбасада во Палестина, изјави денеска претседателот Емануел Макрон.

Тој во интервју за американската телевизија „Си-би-ес“ изјави дека ослободувањето на тие заложници е „јасен услов пред да отвориме амбасада“.

Се очекува Франција утре на заседувањето на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк формално да ја признае независноста на Палестина, како што најави.

ИЗДВОЕНИ