
Францускиoт претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години ако не направи ништо да стане учесник, а не само набљудувач на светските случувања.
– Ако сакаме да бидеме набљудувачи, тогаш тоа води до среќно покорување. Ние не му пречиме на никого, се обидуваме да бидеме добри кон Американците, а со Кинезите продолжуваме како и досега. Ви велам, ако не направиме ништо, Европа ќе биде збришана за пет години, рече Макрон во интервју за „Зидојче цајтунг“ .
Според него, Европа секогаш пропаѓала кога била бавна и поделена.
-Земете ја, на пример, финансиската криза. Зошто тогаш се снајдовме толку лошо? Финансиската криза потекнува од САД. Но, ние страдавме десетпати повеќе од самите Американци бидејќи тие реагираа брзо и колективно. За нас, тоа беше асиметричен шок, бевме поделени. И ни требаа пет до десет години да се справиме со оваа криза, асиметрично помеѓу северот и југот. На крајот на краиштата, тоа влијаеше на сите, рече Макрон.
Како пример за добриот одговор на Европа, тој ја наведе пандемијата Ковид-19 во 2020 година, кога беше создаден заеднички долг во вредност од 750 милијарди евра.











