Макрон: Договорот меѓу ЕУ и САД не е крај на приказната

410
epa12145092 French President Emmanuel Macron gestures as he delivers his keynote address during the International Institute for Strategic Studies (IISS) Shangri-la Dialogue Defence Summit in Singapore, 30 May 2025. Defense ministers and officials from 47 countries are gathered in the city state for the IISS Shangri-la Dialogue, an annual high level defence summit in the Asia Pacific region. EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека неодамнешниот царински договор меѓу САД и Европската Унија е само почеток на подолг процес на преговори, пренесува „Хина“.

Зборувајќи на состанокот на Советот на министри, Макрон го опиша договорот како прв чекор, а „не како крај на приказната“, според извештаите во неколку француски медиуми. Тоа беше неговиот прв јавен коментар за договорот од неделата, кој следеше по разговорите во последен момент меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Шкотска пред крајниот рок на 1 август.

„За да бидете слободни, мора да се плашат од вас“, наводно додал тој, имплицирајќи дека Комисијата не зазела доволно силен став. Сепак, Макрон застана зад договорот, кој наметнува царина од 15% за поголемиот дел од увозот на производи од ЕУ во САД, додека Трамп претходно се закани со општа царина од 30%.

Францускиот претседател рече дека договорот обезбедува краткорочна стабилност и ги штити и француските и пошироките европски интереси, наведувајќи царински ослободувања за одредени извозни сектори, како што е производството на авиони.

Францускиот премиер Франсоа Бајру зазеде многу покритичен став веднаш по договорот. „Темен ден е кога сојуз на слободни нации, обединети да ги почитуваат своите вредности и да ги бранат своите интереси, се помирува со покорноста“, напиша тој на платформата „Икс“ завчера.

ИЗДВОЕНИ