Македонското радио – Радио Скопје, 81 година во етерот! Честитки, колеги!

35

Зборува Радио Скопје… Вака, пред точно 81 година, почна приказната за Македонското радио – Радио Скопје, која до ден-денешен одекнува во етерот со истите сила, топлина и доверба. Од далечната 1944 година, радиото стана центар на семејниот живот, единствен извор на информации, музика и култура. Радиото има клучна улога во негувањето на македонските јазик, музика и култура. Гласовите на радиоводителите остануваат препознатлив симбол, со личности што се вечни во сеќавањата.

И 81 година подоцна, Македонското радио – Радио Скопје, во време на брзи медиумски промени, останува медиум на довербата – непосреден, човечки и присутен. И сè уште зборува. Нека времето го бележи постоењето.

Колеги, ви го честитаме роденденот и ви посакуваме уште многу години исполнети со силни приказни, препознатливи гласови и програми што ги чуваат културата и идентитетот, што инспирираат и информираат.

Нека радиото и понатаму биде глас на граѓаните и чувар на македонскиот збор.

ИЗДВОЕНИ