Стопанската комора на Македонија ќе се вклучи активно во поддршка на кампањата „Македонско најдобро“, која ја започна Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Одлуката за вклучување на најголемата бизнис асоцијација во земјата ќе биде донесена следната недела на седница на Управниот одбор на СКМ, со што ќе се даде и практичен придонес во поттикнувањето на домашното земјоделско производство. Досега во оваа кампања се вклучени 40 индивидуални земјоделски производители, а очекувањата на Министерството за земјоделство е во наредниот период да се зголеми бројот на субјектите, за што во тек и регистрацијата на заинтересираните земјоделци и компании од преработувачката и од кондиторската индустрија во Македонија. Ова беше речено на средбата на претставици од Стопанската комора и од МЗШВ, на која стана збор за оваа иницијатива, која има за зел да го промовира, поттикне и заштити богатството на домашното производство, да ги поддржи домашните производители, како и да ги потсети граѓаните на квалитетот и вредноста на домашните прехранбени производи.
Стопанската комора на Македонија ќе ја поддржи секоја иницијатива која води кон повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и изграден модел на економски раст, истакна денеска претседателот Бранко Азески.
Прашан за коментар за изјавата на премиерот дека македонската економија бележи раст од 3,4 отсто и оти државата е лидер во регионот, нагласи дека секогаш треба да се движиме кон некаква цел, која е повисока од претходната.
– Нас ни е потребна цел, таа цел ја гледам во раст на бруто домашниот производ затоа што нема други индикатори кои ќе прикажат дека има плаформа и има цел кон која се движиш. Јас верувам и сум верувал цел живот во три работи: да имаш јасна цел пред себе, луѓе што можат тоа да го остварат зад тебе и да имаш пари. Без тие работи неможе напред да се оди, рече Азески.
Тоа, според него, ја мобилизира целата економија да се движиме кон некаква цел која е повисока од претходната, ќе значи одговорност за кажаното и кое ќе те стимулира да го правиш тоа, но ќе ги стимулира и сите странично да го прават и да ги доведе на една платформа на развој.
– Една држава може да постои и опстои само ако обезбеди иднина за своите генерации, а таа иднина се обезбедува со повисок животен стандард, со обезбедени девизни резерви и со изграден модел на економски раст. Ние ќе поддржиме секаква иницијатива која води во тој правец. Знаеме што значи д анаправиш таков раст и дека е потребен деловен амбиент, услови во регионот каде нема да ѕвечка оружјето, туку ќе бидат поставени на ниво на конкурентска борба на стоки и услуги на меѓународниот пазар. И сакаме да го оставриме тоа на тој начин. Сите влади да делуваат во функција на остварување на предвидлив деловен амбиент и избегнување на секакви конфликти кои ја уништуваат економијата, додаде Азески.
Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, имаме рекордно највисоки цени, а така ќе продолжиме и во наредниот период, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Заложба на Министертсво и Владата, според него е да се грижат за трудот на секој македонски земјоделец.
– Тоа го покажуваат и бројките на Државниот завод за статистика, а во котекст на тоа за успешноста на менаџирање на целиот процес второто тромесечје во 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забалежано од 26,4%, а во делот на откупот и продажбата второто тромесечје 2025, во споредба со истиот период лани имаме зголемување 7,2%. Ова значи дека го враќаме квантитетот на македонското прозиводтво ја зголемуваме продажбата, односно го враќаме производството на пиедесталот, рече Трипуновски.