Завиден возен парк со луксузни автомобили можеше да се види денеска пред седиштето на МПЦ-ОА каде што заседаваше Светиот Синод.
На паркингот пред Архиепископијата можеа да се забележат повеќе нови возила наменети за превоз на највисоките достоинственици. На денешната седница, на која се вржи избор на нов Дебарско кичевски митрополит, владиците дојдоа со посебни возила, најчесто со лични возачи.
Нашата новинарска екипа можеше да забележи дека најлуксузното возило беше џипот “Волво” со кој дојде брегалничкиот митрополит Иларион.
По него дојде крушевскиот митрополит Јован со теренецот Шкода карок” кој има белградска регистрација. Дељадровскиот владика Јоаникиј, пак, беше довезен со теренецот “Опел мока”…
На паркингот имаше и “Ауди 6” со битолска регистрација, “Пасат” со тетовска и “Шкода октавија” која имаше регистрација на Крива Паланка.
Македонските владици во изминативе години често беа на удар на критиките поради луксузните возила што ги користат. Тие, при чинот на замонашувањето даваат и посебен завет на сиромаштво.