Неофицијално во судските кулоари се зборува дека за судиите Кочани е „жежок костен“ од кој се плашат да не „се изгорат„. Обвинителот Љупчо Коцевски иако во неговото неодамнешното интервју за весникот ВЕЧЕР најави дека овој месец ќе заврши истрагата за полицајците обвинети за настаните поврзани со дискотеката, сепак од Основното обвинителство за организиран криминал и корупција нема најава за обввинение. Дали ова почетно одолговлекување на случајот „Пулс“ ќе наликува на бавната правда за несреќата во романската дискотека на смртта „Колектив“, каде судењето траеше седум години, а осудените добија поблаги казни од тие изречени во првостепениот суд. Жртвите и повредените, како и причините до кои дошол пожарот во двете дискотеки се речиси идентични, корупција и ерозија на системот од непочитување на законот. Инаку, на шестмесечниот помен се организираа три мирни собири во чест на жртвите, а граѓаните повторно реагираа на бавното постапување на правосудните органи. Се палеа свеќи во форма на крст и срце во чест на починатите, а во воздух одлетаа 62 балони со имињата на жртвите, по што присутните граѓани со мобилните телефони направија ѕвездено небо и испратија светлина кон височини за згаснатите животи

 

Шест месеци од големата трагедија во Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, каде животот трагично го изгубија 62 млади, а околу 200 останаа со повреди, меѓу нив со тешки изгореници кои ќе ги носат цел живот, а сеуште нема судски епилог по поднесеното обвинение. Судиите сеуште не донеле одлука дали актот се прифаќа или ќе го отфрлат. Вагајќи ги доказите собрани во три месечната истрага со приговорите на вкупно 37 обвинети, судиите велат дека им треба уште време. Од основниот кривичен суд, велат дека сеуште се анализирале аргументите со кои одбраната на обвинетите се спротивставува на доказите на Јавното обвинителство. Станувало збор за обемен предмет со многу обвинети и потсетуваат на други случаи каде оваа фаза во постапката траела и по неколку месеци. Но тука се поставува прашањето, ако на Обвинителството му требаа черири месеци за да ја затвори истрагата, тогаш зошто и судот веќе влегува во четвртиот месец на одлучување по обвинителниот акт. Неофицијално во судските кулоари се зборува дека за судиите Кочани е „жежок костен“ од кој се плашат да не „се изгорат„ Обвинителот Љупчо Коцевски иако во неговото неодамнешното интервју за весникот ВЕЧЕР најави дека овој месец ќе заврши истрагата за полицајците обвинети за настаните поврзани со дискотеката, сепак од Основното обвинителство за организиран криминал и корупција нема најава за обввинение.

Дали ова почетно одолговлекување на случајот „Пулс“ ќе наликува на бавната правда за несреќата во романската дискотека на смртта „Колектив“, каде судењето траеше седум години, а осудените добија поблаги казни од тие изречени во првостепениот суд. Жртвите и повредените, како и причините до кои дошол пожарот во двете дискотеки се речиси идентични, корупција и ерозија на системот од непочитување на законот. Подоцна било откриено дека „Колектив“ – и неколку други барови и ноќни клубови во Романија – не ги исполнувале прописите за противпожарна безбедност. Поранешниот градоначалник на округот, Кристијан Попеску Пиедоне, добил четиригодишна затворска казна затоа што му дозволил на Колектив да работи и покрај тоа што не ги исполнувал потребните безбедносни стандарди. Градоначалникот првично бил осуден на осум години и шест месеци затвор но Апелациониот суд во Букурешт му ја намалил казната. Неколку дена пред изрекувањето на пресудата, тој бил уапсен од полицијата на аеродромот во Букурешт и му беше спречен да ја напушти земјата. Меѓу другите затворени осомничени беа тројцата сопственици на ноќниот клуб, еден пиротехничар и двајца пожарникари кои издале дозволи на Колектив. Еден од сопствениците на клубот добил најдолга затворска казна од 11 години и осум месеци. И во овој случај во Романија преживеаните и роднините на жртвите долго време се жалеа на законските одложувања околу конечната пресуда, која беше одложена четири пати. Таму се водеше и втора истрага против спасувачите и службениците на Министерството за здравство. Трагедијата ги активира протестите на граѓаните против корумпираниот систем, но разликата беше во бројноста, таму помасовни и солидарни.

Инаку, на шестмесечниот помен од катастрофалниот пожар кој е најголема трагедија во поновата историја, се организираа три мирни собири во чест на жртвите: Граѓаните реагираа на бавното постапување на правосудните органи. Под мотото „62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани се палеа свеќи во форма на крст и срце во чест на починатите, а во воздух беа пуштени да одлетаат 62 балони со имињата на жртвите, по што присутните граѓани со мобилните телефони направија ѕвездено небо и испратија светлина кон височини за згаснатите животи. На собирот дел од најблиските на жртвите гласно побараа оставка од министерот за внатрешни Панче Тошковски, а сопругата на загинатиот полицаец од Пробиштип праша по која наредба бил пратен на задача во „Пулс“ кога претходно дента  бил на смена 12 часа односно од 7 наутро до 7 попладне а потоа во 22.00 часот бил испратен за Кочани. Соругата обвини дека полицијата пет месеци ја оставила без пензијата за загинатиот. На другот собир на скопскиот Плоштад присутните одадоа почит, со телефоните направија ѕвездено небо и молчеа во знак на сеќавање на загинатите деца и млади луѓе.

„Шест месеци има институционален молк за оваа огромна трегедија во која 62 млади луѓе го загубија животот. Тука сме да ги потсетиме интитуциите дека треба да си ја работат својата работа и од утре веќе нема да молчиме. Овој молк не е исполнет само со тага туку и со лутина поради нивното непостапување“, рекоа организаторите на собирот

Семејствата, роднини, пријатели на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ се собраа и на Градскиот плоштад во Штип со палење свеќи им одаваат почит на 62 жртви, меѓу кои и петмина штипјани.

-Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени! Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас! Ѕвездено небо како порака дека светлината постои и во најмрачните денови, порачаа семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Во дискотеката во Кочани на 16 март годинава загинаа 62 млади луѓе, од кои поголемиот дел беа на возраст од 24 и 26 години, а имаше и малолетни. (П.А.) 

 

ИЗДВОЕНИ