Македонскиот музички продуцент Матеј “БигСлав” Џајковски е номиниран за музичката награда “Греми”, за неговата работа на албумот на групата FLO насловен “Access All Areas”.
Речиси една година по издавањето, албумот е номиниран за најдобар во категоријата “Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на наградите ” Греми” 2026.

Матеj ја продуцираше песната “On & On”, која по неколку месеци од излегувањето на албумот, се рангираше во музичкото списание “Billboard” на 13-тото место на “Adult R&B Airplay” листата и оттогаш беше во константна ротација на радио станиците во САД.
Ова е негова прва номинација, а веќе подолго време работи како успешен музички продуцент во Лос Анџелес.
Наградите “Греми” ќе се одржат на 1 февруари 2026 година, во “Крипто.ком” арената во Лос Анџелес.

Инаку, за потсетување Матеј “БигСлав” Џајковски, кој веќе подолго време со успех работи во Лос Анџелес, учествува на албумот на групата “FLO” насловен “Access All Areas” кој дебитираше на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија, а песната насловена “On & On” која тој ја продуцираше беше фаворит oд албумот веднаш по негово излегување.
Ова е негов прв #1 албум на кој има работено и со тоа пишува историја како прв Македонец со ваков успех!

Британската R’n’B група и сензација FLO првпат се појавија на сцена во 2022 година, потпишувајќи договор со познатата издавачка куќа „Island“.












