Наумовски во тоа време редовно вежбал, одел на фитнес и практикувал здрав начин на живот, нешто што денес ретко може да си го дозволи, со оглед на тоа што „Министерот“ има огромни обврски поврзани со концерти и долги турнеи, најчесто во македонската дијаспора.

Фолк-пејачот Борче Наумовски на фолк-сцената е добро познат како „Министерот за естрада“. Тоа му е само прекарот, така го препознаваат сите тие што ја следат народната музика. Министер не е, па сепак одлично би му стоело и да биде, зошто да не?! Иако деновиве нè освежува со куп хитови, максимално ја разбранува јавноста и со фотографија од помладите денови. Позира на плажа, секако, разголен и одлично развиен, во костимот за капење.

Тоа што најмногу го привлече вниманието на неговите фанови не се само неговите мускули туку и неговата фасцинантна сличност во ликот со славниот фудбалер Кристијано Роналдо. Во прв момент многумина навистина помислија дека станува збор за легендарниот напаѓач од времето кога го носеше дресот на Реал Мадрид.

Со извајано тело и со спортски дух, нашиот „Министер за естрада“ сака да ни порача дека во младоста не бил талентиран само за пеење туку бил талентиран и за спортските натпревари. Според неговите најблиски пријатели, тој во тоа време редовно вежбал, одел на фитнес и практикувал здрав начин на живот, нешто што денес, велат тие, ретко може да си го дозволи, со оглед на тоа што има огромни обврски поврзани со концерти и долги турнеи, најчесто во македонската дијаспора, во Австралија.

– Многу момчиња сакаа(т) да личат на него, а девојките беа вљубени „до ушите“, во (тогашниот) „двојник“ на Роналдо.

Денешните инфлуенсери можат само да сонуваат за таков природен физички изглед. Затоа фотографијата предизвика лавина коментари. И доаѓа во време кога сè повеќе популарни личности од своите архиви споделуваат фотографии од младоста. Борче покажа дека како, естрадна ѕвезда, отсекогаш знаел да остави силен впечаток. Така и сега. Големо браво за „Министерот“!    (Д.М.) фото:архива

 

ИЗДВОЕНИ