Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вечер во „Синема галерис“ (Cinema Galeries) во Брисел ќе присуствува на премиерната проекција на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, на режисерот Георги М. Унковски, пред европската публика. Присуството на министерот Љутков е јасна потврда за посветеноста на Министерството за култура и туризам кон поддршка на македонската кинематографија и нејзината меѓународна афирмација.
Филмот е копродукција, реализирана со поддршка од: Агенцијата за филм на Македонија, Српскиот филмски центар, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Чешкиот аудиовизуелен фонд и „Еуроимаж“.
По проекцијата следува панел-дискусија за улогата и значењето на меѓународните копродукции во продлабочувањето на европската соработка во филмската индустрија.
Настанот е во организација на Европската асоцијација на директори на филмски агенции (EFAD), во соработка со Министерството за култура и туризам и Агенцијата за филм на Македонија.












