Францускиот институт во Скопје организира предавање и изложба „Македонскиот фронт низ слики и предмети “, кое ќе се одржи во вторник, 11 ноември 2025 година, од 19:00 часот, во Europe House, Скопје.
Предавањето ќе биде одржано од страна на двајца еминентни експерти за Првата светска војна и Македонскиот фронт:
– Даниела Николова, историчар и кустос-советник во Музејот на македонската борба, и
– Ерик Алар, професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт.
Паралелно, во холот на Europe House ќе биде поставена изложба на автентични разгледници и фотографии од приватни колекции, меѓу кои и онаа на Фросина Георгиевска и Бјорн Габриел.
Изложбата претставува уникатно визуелно сведоштво за животот на војниците и народот за време на Првата светска војна во Македонија.
Изложбата ќе биде отворена само на денот на предавањето.
Даниела Николова неодамна престојуваше во Париз работејќи на проект за Првата светска војна и Макеоднскиот фронт.
Како директор на Музејот на македонската борба за независност, таа е авторка на повеќе каталози и публикации за македонската историја, вклучувајќи го и каталогот „Македонија во Првата светска војна” (2023).
Нејзиното истражување се фокусира на документирањето на македонското историско и културно наследство.
Ерик Алар е професор по историја во Франција и специјалист за Македонскиот фронт.
Од 2009 година тој спроведува археолошки истражувања и собира сведоштва за Првата светска војна во регионот на Битола.
Од 2016 година е интегриран како експерт во групата за научна поддршка на Францускиот институт во Скопје за валоризација на Макеоднскиот фронт и автор на неколку публикации.
Предавањето е по повод денот на примирјето во Првата светска војна и ќе ги вкрсти француската и македонската перспектива на овој значаен историски период низ приказ на автентични фотографии и предмети од Македонскиот фронт.
Предавањето ќе биде одржано со симултан превод .
Влезот е бесплатен за сите посетители.












