Македонскиот фестивал „Охрид-фест 2025“ со ексклузивна награда за Рака Мариќ, менаџерот на „Бијело дугме“ 

36

Уште едно големо пријатно музичко изненадување! Добро познатиот поранешен ју-менаџер, Рака Мариќ, кој е од Сараево, ќе биде специјален гостин на фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури 2025“, кој ќе се одржи на 29 и на 30 август, на сцената на “Долни Сарај“ во стариот дел од Охрид.

Мариќ ќе добие ексклузивна награда  за особен придонес во промовирањето на светската и на регионална поп и рок-музика во Македонија, поранешна Југославија и воопшто на Балканот. Toj e познат како долгогодишен менаџер на легендарната група „Бијело гугме“ и организатор на сите нејзини поголеми концерти, вклучувајќи ја и повратничката турнеја со сите тројца пејачи.

– Во еден период од својот живот, живеев на релација Скопје – Охрид. Тоа беше во времето кога имаше војна во Босна и Херцеговина, па кратко време, пред да се преселам во Грција, работев и живеев во Македонија, каде што често доаѓам и денес. Како да сум дошол дома. Голема чест ми е што мојот пријател, композиторот Григор Копров, директор на фестивалот, ме покани како гостин на овој фестивал со традиција и што ќе бидам награден – објаснува познатиот Рака Мариќ.

Со својата продукција, тој има организирано концерти и на „Ролинг стоунс“, „Полис“, Били Ајдол, Лени Кравиц, „Дјуран Дјуран“ и на многу други светски познати музичари, како и на поранешните ју-ѕвезди: Здравко Чолиќ, Цеца Ражнатовиќ, Северина, Харис Џиновиќ, Лепа Брена, групата „Смак“, Нина Бадриќ, Неда Украден, Тони Цетински…

 

 

ИЗДВОЕНИ