Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, имаше маестрална сезона во дресот на Париз и беше еден од најдобрите играчи во Евролигата, па сосема очекувано е што секојдневно пристигнуваат понуди на негова адреса.

Пред само еден месец, тој ја одби Барселона за многу повисока плата во однос на онаа што ја зима во Париз, а сега доби понуда да му се приклучи на Мемфис гризлис. Сепак, Американецот со македонски пасош реши да ја одбие и оваа понуда. За разлика од Барселона, причина за ова се парите. Најверојатно, добил минимален договор во НБА, а во Европа има понуди што се многу попримамливи.

Овој пат „Јурохапс“ пишува дека кошаркарот на Париз се соочува со голема дилема, но дека сигурно нема да донесе избрзана одлука, туку ќе ги разгледа сите понуди што ќе бидат на маса и најпосле ќе одлучи.

ИЗДВОЕНИ