На косовската страна на границата со Македонија се задржуваат камиони од нашата земја без соодветно образложение, предизвикувајќи економски штети и нарушување на трговската размена. По дојавата што до Стопанската комора на Македонија ја направиле извозници, претседателот на СКМ, Бранко Азески побарал средба со неговиот колега Лулзим Рафуна од Косовската комора, со цел да се изнајде решение и да се одблокира застојот.

– Задржувањето на македонските камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово е под изговор дека е поради чекање резултати од лабораториски анализи. Бидејќи се работи за прехранбени производи што мора да бидат во согласност со здравствените и безбедносните стандарди, протокот треба да биде без застој за да не се наруши континуитетот на домашните извозници, што може да предизвика и финансиски импликации – нагласија од Комората.

Од СКМ веднаш истратиле официјален допис до надлежните институции во државата за итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

 

ИЗДВОЕНИ