среда, февруари 4, 2026
Дома БАЛКАН Македонски државјанин се удави кај Драч

Македонски државјанин се удави кај Драч

98

На плажата кај Каваја, во близина на Драч вчера попладнето се удави македонски државјанин.

Настанот се случил околу 19 часот, а се работи за 66-годишниот жител на Македонија со иницијали Ш.А. Според првичниот наод, тој доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во вода, се наведува во полициското соопштение.

Откако го забележале давеникот, кон него веднаш се упатиле и други лица од плажата, интервенирала и итна помош, но доктор само констатирал смрт.

Екипа на полицијата и јавен обвинител вршат увид, по што се очекува телото да биде дадено на обдукција

ИЗДВОЕНИ