Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Србија – амбасадата во Белград веќе е во контакт со неговото семејство

62

Македонската амбасада во Белград ја потврдила информацијата за сообраќајната несреќа што се случила рано изутрината на автопатот Нови Сад – Суботица во Србија во која еден македонски државјанин загина, а еден е тешко повреден.

МНР претходно денеска информира дека до Амбасадата на Република Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода што се случила во близина на Суботица, во која животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година.

Во незгодата е повредено уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое со тешки повреди е хоспитализирано на одделението за реанимација во клиничкиот центар.

ИЗДВОЕНИ