Македонски автобус излетал од патот кај Добановци во Србија/ВИДЕО

273
screenshot

Автобус со македонски регистарски таблички синоќа излетал од автопатот кај местото Добановци во Србија, a како што пишуваат српските медиуми, незгодата се случила на правецот од градот кон излезот.

Засега нема официјални информации за состојбата на патниците и возачот на автобусот. Според првичните извештаи од местото на настанот, возач на друг автобус веднаш застанал за да им помогне на загрозените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Сообраќајната незгода се случува во услови на исклучително тешки временски услови во соседна Србија, каде од вчера паѓа силен снег.

„Од вчера речиси цела Србија е под снег. ЈП „Патишта на Србија“, врз основа на Извештајот на Штабот за зимска служба во 5:09 часот наутро, објави дека има снег на многу делници од најпрометните патни правци од првиот, како и од вториот и третиот приоритет за одржување, со дебелина до пет сантиметри, додека површината на патот е важна, поради што се препорачува внимателно возење“, пренесуваат медиумите од соседството.

Надлежните служби во Србија работат на расчистување на теренот, а повеќе детали за причините за излетувањето на македонскиот автобус се очекуваат во текот на денот.

ИЗДВОЕНИ